Шефовите на ЕУ и НАТО Доналд Туск и Јенс Столтенберг го поздравија вчерашниот договор меѓу премиерите Заев и Ципрас за решавање на спорот со името.

“Го поздравуваме договорот постигнат вчера меѓу премиерите Ципрас и Заев за решавање на спорот околу името.Се надеваме дека оваа единствена можност за рестартирање на пошироката европска и евроатланска интеграција на Западниот Балкан нема да биде пропуштена. Овој договор претставува пример за другите како да го зајакнат мирот и стабилноста ширум регионот”, се вели во заедничката изјава на Туск и Столтенберг.

 

 

Shpërndaj me