Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека Западен Балкан е интегрален дел од Европа и приоритет на Европската унија.

Туск на крајот од самитот на Европската унија-Западен Балкан во Софија посочи дека ЕУ е најсигурниот партнер на Западен Балкан.

Според неговите зборови, агендата за поврзаноста која беше една од главните теми на самитот, не е замена за проширувањето.

“Тоа е начин да се искористи времето меѓу денес и утре поефикасно, за граѓаните да не ги чекаат придобивките од европските интеграции”, рече Туск.

Претседателот на Европскиот совет посочи дека нема план Б ниту алтернатива за Западен Балкан кој е интегрален дел од Европа.

Shpërndaj me