Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел на маргините од самитот на НАТО во Брисел, а состанокот го опиша како „сјаен“ само неколку часа подоцна откако остро ја критикуваше германската политика.

„Имавме сјаен состанок. Разговаравме за воените трошоци, за трговијата“, рече Доналд Трамп.

Претседателот на САД истакна и дека со канцеларката има „многу, многу добри односи“, пренесе Ројтерс.

Меркел рече дека со Трамп разговарала за миграциите и трговијата и дека се радува на понатамашната соработка, бидејќи како што рече, САД остануваат партнер на Германија.

 

Shpërndaj me