Дали Кривичниот суд ги штити од кривична одговорност петте судии од Управниот суд обвинети во случајот „Титаник 2“ за изборни нерегуларности? Алсат М од извори во скопска единица дознава дека Советот на судии го оценувал обвинението за Билјана Никодиновска-Петровска, Лидија Ивановска, Благородна Рангелова, Анета Џигерова и Газмент Фејзула обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување. Оттаму не го прифатиле предлогот и овие судии да одговараат заедно со останатите обвинети за изборни неререгуларности и изборни местенки. На петте судии Судскиот совет им го одзеде судскиот имунитет, кој ги штитеше од кривична одговорност. Според нашите информации, Специјалното обвинителство ќе се жали на ваквата одлука на судот.

Во случајот „Титаник“ СЈО обвини вкупно 21 лице. Меѓу нив се поранешниот премиер, Никола Груевски, министрите во неговата влада Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, како и Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски. На списокот обвинети за изборни местенки се и поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, претседателот на ДПА, Мендух Тачи и членот во ДИК од оваа партија Бедредеин Ибраими.

Меѓу обвинетите има и двјца членови на ДУИ – координаторот на пратеничката група Ејуп Алими и Исмет Гури. Кога СЈО го претстави пред јавноста предметот „Титаник“, соопштија дека постојат сомневања за целосна криминализација на изборниот процес со незаконско издавање лични карти и вметнувња во избирачкиот список на лица кои по никој основ не смееле да бидат таму.

Во случајот „Титаник“ ќе можат да се слушаат над 1.000 прислушувани разговори во судница и да се корисат како доказ. Апелација ги врати во правниот поредок, откако претходно Кривичниот суд ги отфрли од доказите.

Бојан Стојановски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...