Актуелниот фудбалски првак на Македонија, Шкендија, испиша нова страница во неговата историја откако за првпат успеа да игра во третото коло од квалификациите на Лигата на шампионите. Голот на Безарт Ибрахим на првата средба во Скопје беше доволен за црвено-црните да го елиминираат молдавскиот шампион Шериф Тираспол. Тренерот Ќатип Османи е задоволен од настапот на играчите и верува дека со елиминацијата на Шериф се зголемила самодовербата кај играчите.

„Им честитам на моите играчи за настапот и посветеноста што ја дадоа. Иако повеќе се фокусиравме на одбраната, верувам дека Шкендија ја заслужи квалификацијата во следната рунда од Лигата на шампионите… Се соочивме со многу квалитетен ривал и нашата радост е уште поголема затоа што елиминиравме тим како што е Шериф Тираспол. Ова кај сите нас, особено кај играчите, ја зголемува самодовербата“, рече Ќатип Османи, тренер на ФК Шкендија.

Во третиот круг од Лигата на шампионите, Шкендија ќе игра со Ред Бул Салзбург, многу силен тим од Австрија, кој во минатата сезона стигна до полуфиналето во Лигата Европа. Првата средба е на 8 август во Австрија, а во случај на елиминација, Шкендија ќе продолжи со натпреварувањата на плеј-офот во Лигата Европа.

Махир Тачи

Shpërndaj me