За дваесетина дена граѓаните ќе можат да плаќаат патарина со смарт -картички. Новиот систем за електронска наплата на патарина е во завршна фаза. На почетокот ќе може да се плаќа и со пари и електронски. По тест периодот сите и домашни и странски патници ќе мора да имаат само смарт картички.

Тие ќе се делат бесплатно а ќе се надополнуваат на сите наплатни рампи, бензински станици, гранични премини како и онлајн. Ваква електронска наплата сега имаат само пет наплатни рампи, а од јуни, со почетокот на летната сезона, електронски ќе можат да плаќаат сите возила кои ќе поминуваат по Коридорот 10, односно од Блаце до Богородица.

“На патарините Романовце, Сопот, Отовица, Петровец и Миладиновци мислам дека ќе може за 15 дена, а кога рековте од Табановце до Гевгелија за месец, месец и пол ќе треба да почекаме да заврши патарината кај Градско“, рече Зоран Китанов, директор на Агенција за патишта.

Инаку, двете патарини на новиот автопат Демир Капија – Смоквица интензивно се градат, во мај ќе биде готова таа кај Гевгелија, а во јуни патарината кај Демир Капија. Системот за електронска наплата на патарина ќе биде мониториран од новиот Центар за мониторинг и контрола на сообраќај кој се очекува да биде завршен за 20 дена. Од овој центар освен патарините ќе се мониторираат и сите автопатишта низ земјата. На тој начин ќе се избегнат гужви на патот.

„Сакам исто да потенцирам дека инвестицијата е 18,6 милиони евра, генерално и во моментот штом завршат сите процедури на овој објект ќе биде ставен во функција, односно ќе бидат ставени во функција електронски наплатните станици на Коридорот 10“, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

На новиот автопат Миладиновце – Штип кој што се очекува наскоро да биде пуштен во употреба за почеток ќе се вози бесплатно бидејќи двете патарини на оваа делница допрва ќе се градат. Целосна електронска наплата на сите патарини се очекува до крајот на годинава кога ќе заврши модернизацијата на рампите на Коридорот 8.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me

Loading...