По притисокот на пазарџиите пратениците го повлекуваат Законот за трговија на зелените пазари за една година. Парламентарното мнозинство призна дека направила грешка и сега најавува дека ќе се прават измени на Законот. Од ДУИ најавуваат јавна дебата на која ќе ги поканат сите засегнати страни.

„Верувам дека ќе постигнеме договор, како и што беше предлог Законот во нивна полза од причина повторувам уште еднаш, Законот, текстот беше предложен од пазарџите што се занимаваат со ова дејност“, рече Ејуп Алими, ДУИ.

Од ЛДП кои се дел од парламентарното мнозинство велат дека се за јавна дебата, но не за општа расправа, бидејќи  сега сметаат дека е без предметно да се зборува за проблематика која на сите им е добро позната. Според нив треба да се изготви ново законско решение и тоа да се приспособи на барањата на засегнатите страни.

„Јас лично и како партија сметаме дека 1,5 до 1,8 милиони евра да се земаат од граѓаните и да одат во некоја приватна комора за мене е неприфатливо. Да одеа во државата можеби и ќе сфатев, иако бевме против државата да зголемува приходи“, рече Горан Милески, ЛДП.

Реагираше и опозицијата. И од ВМРО ДПМНЕ изјавија дека имаат закажано средба со сите инволвирани страни. Власта, велат го повлекува Законот за да не изгубат политички поени.

„Од како ќе ги слушнеме нивните забелешки ние ќе побараме овој Закон да не важи, но пред јавната расправа не би сакале ништо поконкретно да кажеме бидејќи на крај треба да се слушнат пазарџиите“, рече Никола Мицевски ВМРО-ДПМНЕ.

Претставникот на СДСМ не даде изјава. Исклучените пратеници на ВМРО – ДПМНЕ кои се сега независна пратеничка група најавија дека и тие ќе се вклучат во изработката на подобар Закон за пазари. Во знак на револт, пазарџиите од Скопје пред четири дена ги заклучија тезгите и излегоа на протест.

Не се согласуваат да плаќаат нови давачки за добивање на лиценца за работа, но не сакаат да ги загубат и  колегите пензионери кои според новиот Закон нема да може да продаваат на пазарите.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...