Речиси две одделенија со првачиња ќе има помалку од септември во општина Струга во однос на ланската година. Во училишните клупи, според податоци на општината, ќе седнат 555 првооделенци. Тоа е за 50 дечиња помалку во однос на лани кога се запишаа 605 нови ученици. Од поголемите населени места, најлоша е ситуацијата во основното училиште во Делогожда со 34 првачиња вклучувајки ги и сите  подрачни училишта.

Во Татеши бројот на првоодделенци е 18, во Радолишта 41, а во Велешта 40. Во Џепин има само едно прваче, а во Поум ниту едно. Најдобра е состојбата во Лабуништа каде се запишани 121 дете, како и во двете училишта во градот Јосип Броз Тито и Браќа Миладиновци.

„Ова е наша реалност. Ако овој тренд продолжи и понатаму, односно ако и понатаму младите се иселуваат на запад, овде утре ќе немаме не само ученици, туку и вработени…“, рече Зини Јонузи- раководител на училиштето во село Корошишта.

„Ситуацијата е доста подраматична отколку што изгледа. Само училиштето во Делогожда кое има пет подрачни училишта, има 33 деца. Тоа доаѓа пет или шест деца од училиште. Тоа се должи на емиграцијата која во Струга е малку поразлична .Ако во Полог имаме емигранти кои се во Европа или во Словенија, тука во струшкиот дел имаме емигранти кои се во Америка, појава која има голем удел во ова“, вели Агим Пошка-професор на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Бројот на првачиња во целиот регион во последните пет години е намален за 150. Загрижени се и во општина Струга.

Сектор за образование општина Струга:

„Очекуваме да се промени на позитивно овој тренд со влегувањето во НАТО и ЕУ, како и со најавите на власта за зголемување на платите. Доколку не, тогаш стравуваме дека веќе наредната година некои наставници ќе останат без работа.“

Помал број на првачиња има и во Охрид.Запишани се 459, што е за 48 помалку од учебната 2018/2019 година и 39 во однос на учебната 2017-2018-тта. Во подрачното училиште во селото Ливоишта од ОУ „Ванчо Николески”, годинава нема запишано ниту едно прваче.

Мики Трајковски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...