MediaXchange со задоволство го најавува новото партнерство во соработка
со Mediavision во проектот за носење на водечките европски продуценти и
креатори на најпознатите европски продукции на НЕМ Загреб.
За разлика од етаблираниот НЕМ во Дубровник, најголемиот телевизиски
саем во централна и источна Европа, којшто тематски ја покрива
целокупната телевизиска индустрија, НЕМ Загреб ќе се сосредоточи на
создавањето и продукцијата на телевизиски и филмски содржини во текот на
тродневната програма.

Овој сосема нов настан во регионот на централна и источна Европа ќе
опфати панел дискуссии, презентации и тематски предавања, како и
проекции на оригинална ТВ содржина. Во текот на трите дена, 11 до 13
ноември, НЕМ Загреб ќе се сконцентрира исклучиво на создавањето
содржини, а една од посебните карактеристики на овој НЕМ е натпреварот
за сценаристи, којшто е отворен за сите креативци со идеии за сценарио
на филм или серија или некој посебен формат (реално шоу, квиз,
документарна емисија).

„Навистина ѝ се радуваме на соработката со Mediavision во
претставувањето на овој дел од програмата. Силен развој на домашенплан и
големи чекори во рамките на телеивизските платформи во изминатите
неколку години создадоа конкурентен и динамичен пазар во регионот.
Сметаме дека постојат многу можности за развој на содржините во овој
регион, а во НЕМ ледаме настан клучен за промовирање на врските што ќе
ги развијат тие односи“ – изјави Катрина Вуд, извршна директорка на
MediaXchange.

Деталите за настанот можете да ги најдете на:
http://mediaxchange.com/
https://neweumarket.com/zagreb/

Loading...

Shpërndaj me

Loading...