Меган Маркл неодамна стана член на кралското семејство, а со тоа доби и многубројни обврски и правила кои треба да ги следи.

Откако стапи во брак со принцот Хари, таа редовно се појавува на свеченостите со својот сопруг и се разбира постојано е во фокусот на јавноста и медиумите кои го следат секој нејзин чекор, модни комбинации, гестови итн.

Сега британските медиуми пишуваат дека за време на свечен прием во Бакингемската палата, Меркел прекршила едно од кралските правила со тоа што се обидела да го фати принцот Хари за рака, нешто што тој вешто го избегна.

Камерите го уловија овој момент, а дел од медиумите го протолкуваа ова како проблем во бракот на Меган и Хари.

Сепак, поупатените велат дека не станува збор за никаква навреда или одбивност, туку за непишано правило до кое се држи целото семејство.

Shpërndaj me