Советот на општина Центар одлучи да се запре спроведувањето на триесет и еден детален урбанистички план на територијата на општината. Одлуката е донесена на предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ и ќе трае два месеца. Како што образложи Богдановиќ, станува збор за планови кои се носени во доцните ноќни часови без соодветна вклученост на јавноста. Се очекува оваа одлука да придонесе и за намалување на загадувањето во општина Центар.

Shpërndaj me