Светиот месец Рамазан со голема посветеност се одбележува и во Кашмир, зона под контрола на будистичка Индија. И покрај бунтовничките напади и јавните протести што се случија последниве недели против владеењето на Индија, муслиманите во Кашмир освен што постат, поголемиот дел од времето го поминуваат молејќи се за благосостојба, прошка и милост.

„Месецот Рамазан е дар од Семоќниот каде имаме можност да се покаеме за нашите гревови и да се молиме за Кашмир, во време кога гинат многу млади. Ние и понатаму му се молиме на Семоќниот во овој свет месец со цел да стави крај на нашите кошмари и да ги спаси младите“, вели Али Мухамед- жител на Сринагар.

Во најголемиот град на Кашмир, Сринагар има голем број џамии кои посебно во месецот Рамазан се полни со верници. Сепак, симболот на градот е џамијата Сиеф Абдул Кадир Џилани, изградена во 12-от век.

Шефкије Аласани

Shpërndaj me