Работните групи за усогласување на ставовите околу предлог-законот за Јавно обвинителство не веруваат дека до 15 октомври може да се постигне договор меѓу власта и опозицијата. Предводникот на преговорите од редовите на опозицијата, Антонио Милошоски вели дека концептите се различни и инсистираат на нивното барање да има мислење од Венецијанската комисија.

Милошоски потврди дека работата на групите останува замрзната.

Министерството за правда останува на ставот дека можниот договор е блокиран поради барањата на опозицијата кои, како што велат од овој ресор, ги преминуваат црвените линии. Коментарите од работните групи доаѓаат само еден ден откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев изјавија дека договор за споменатиот закон може да се постигне пред 15 октомври, односно пред можниот датум за почеток на преговори со ЕУ.

Адриан Керими

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...