Со цел подобро справување со загадувањето, владата на Република Македонија на предлог на министерството за економија ги усвои законските промени со кои се предвидуваат еколошки налепници и субвенции за еколошките возила. Плус на тоа, ќе се субвенционира и конверзијата на возилата како погонско гориво да користат гас, како и замената со нови на старите дотраени возила кои ќе бидат однесени на отпад.

Со новиот закон за возила, ќе се воведе еколошка категоризација на возилата и соодветни налепници за нив во црвена, жолта и зелена боја.

Категоризацијата ќе биде извршена според нивото на емисиите на издувните гасови од моторите на возилата согласно соодветните технички спецификации, односно ECE или ЕC прописите.

  1. Во првата еколошка категорија ќе влезат возилата со ниво на емисии Еуро 5 и повисоко, како и возилата со Еуро 4 норми на кои е вграден уред за погон на течен нафтен или компримиран земјен гас, како и хибридните и електричните возила. Тие ќе добијат еколошка налепница со зелена боја.
  2. Втора еколошка категорија ги опфаќа возилата со ниво на емисии на издувните гасови според Еуро 4 и Еуро 3 нормите и тие ќе бидат означени со жолта налепница
  3. Во третата категорија ќе бидат сите останати возила – со Еуро 2 и пониски норми, како и оние за кои производителот нема дефинирано емисија на издувните гасови. За нив се резервирани налепници со црвена боја.
Loading...

Shpërndaj me