Министерството за финансии не открива дали направи пресметки колку пари ќе соберат од персоналниот данок со новата мерка за сувенционирање на придонесите и дали оваа сума ќе ги надминат предвидените 40 милиони евра. Затоа останува нејасно дали со оваа мерка ќе се има некаков бенифит.

Секое субвенционирање или поддршка на компаниите кои се имаат регистрирано и легално работат е добро и е за поздравување, меѓутоа дека тоа ќе даде толкав ефект, нема да даде и повторно не веруваме дека ќе ги допре оние кои што работат во сивата зона, затоа што за нив, најпрво за да можат да имаат ефект треба да влезат како регистриани, одонсо да влезат во системот, па понатаму да можат да делат плати и да ги зголемуваат платите- рече ДАНЕЛА АРСОВСКА, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ССК.

Покачувањето на мининималната плата веќе е утврдена за во октомври годинава, но колку ќе изнесува не се знае. Министерот за економија Крешник Бектеши прво најави дека ќе изнесува 15,500 денари, по што се демантираше. Сепак ниту едно министерство, како за финансии, така и за труд и социјална политика не кажаа колкава ќе биде зголемувањто. Од Сојузот на стопански комори велат дека секое вештачко зголемување на минималната плата негативно ќе влијае на приватниот сектор.

Вештачко зголемување на платите во овој случај на минималната плата повлекува доста реперкусии, особено во делот на тоа дека потребно е да се знае дека во вакви турбулентни години кои што ги имаше стопанството кој е двигател на економијата во Македонија, треба да се биде многу внимателен, од аспект на тоа дека продуктивноста во приватниот сектор не е золемена, а секаде онаму каде не е зголемена продуктивноста, не треба да очекуваме да има поголеми плати ниту профити- рече ДАНЕЛА АРСОВСКА, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ССК.

Дел од економситите, бидејќи се уште не ги виделе деталите од најновите мерки на Вадата не сакаа да ги коментираат во камера. Сепак велат дека можно е мерката државата да ги плаќање придонесите за исплатените пари во плико, да го исполни ветувањето за просечна плата од 30.000 денари. Математиката е бидејќи во моментов просечната плата е 24.700 денари, а доколку работодавецот реши да ја покачи плата за 6.000 деанри бидејќи во наредните три години би бил ослободен од плаќање на придонеси, просечната плата би достигналаизнесува 30.000 денари. Сепак овие две владини одлуки имаат и ризици и можно е намалување на платите во наредниот период, до моментот на стапување на сила на овие мерки како и тоа повторно да бидат привилигирани работодавачите кои не плаќале даноци, а и негативно да влијание врз  текстилната и кожарската индустрија.

Andrea Çobanova 

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...