Многумина сметаат дека ништо не освежува како студено пиво. Дури и кога температурата надвор е во минус.

А, ако тоа го спојат со вежбањето, тогаш се добива совршена комбинација. Една таква комбинација од неодамна е хит во светот – beer јога.

Овој начин на вежбање и уживање потекнува од Берлин, а полека се проширува во светот. Луѓето коишто стојат зад ова „движење“ велат дека и пивото и јогата се терапии за телото и за умот кои се стари со векови и дека нивниот спој е најдоброто нешто што му се случило на светот во последните години.

Дел од основачите додаваат дека овој начин на вежбање не е шега, напротив, тие многу сериозно ги сфаќаат филозофиите на јогата, а потоа ги спојуваат со задоволството да се пие пиво. Крајниот резултат, според нив, е највисоко ниво на отворање на умот.

 

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...