Агенцијата за млади и спорт заедно со Министерството за внатрешни работи започна медиумска кампања за подигнување на свеста кај младите луѓе за говорот на омраза како еден вид на насилство кое што често може да повреди посилно дури од физичкото насилство и да остави тешки психички последици.

Насловот на медиумската кампања „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“ ќе ги разбуди младите и ќе прати јасна порака за зголемување на одговорноста за последиците од навредливите и невкусни содржини искажани кон друг.

Исто така, со оваа кампања ќе се испрати и порака низ спортските арени во нашата држава, каде ќе се подигне степенот на свеста кај учесниците во спортот, започнувајќи од играчите, тренерите, судиите и менаџерите што управуваат со спортските клубови и посетителите на спортски натпревари.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...