Алиса Карсон е 17-годишно девојче од Батон Руж, Луизијана, која се школува на Академијата на НАСА за да стане астронаут. Нејзиниот сон е да биде првата личност на Марс и има за цел да ја изврши првата човечка мисија на „црвената планета“ во 2033 година.

Алиса е се уште во средно училиште, но истовремено е најмладата личност која ќе ја заврши обуката за астронаути на НАСА.

Исто така, таа изучува четири јазици и тоа: англиски, кинески, француски и шпански.

Алиса вели дека сака да го зголеми интересот на јавноста за вселената, но и да ги поттикне сите да ги следат своите соништа.

 

 

Shpërndaj me