Шумските ренџери од северна Австралија успеале да уловат огромен крокодил тежок 600 килограми откако прв пат го приметиле пред речиси 10 години.

Си Ен Ен пренесува дека крокодилот кој има над 60 години е пронајден во близина на рампата за бродови во реката Кетрин.

Овој крокодил со должина од 4,71 метар, е најголемиот досега фатен во тој регион.

Локалните власти трагале по него од 2010 година и се обидувале да изолираат за да не дојде во контакт со луѓе.

Крокодилот ќе биде префрлен на фарма за животни во регионот Кетрин.

 

Shpërndaj me