Австралиската морнарица пушти три пловечки роботи, кои ќе собираат научни податоци за промените во состојбата на океаните ширум светот. Трите роботи немаат екипаж а се контролираат преку “паметни телефони”.

“Ние немаме контролен центар, но имаме смартфон и апликација која ги контролира беспилотните дронови и ги води каде да одат. Единствената голема закана за овие уреди се големите бранови, но тоа е нешто ново за нас и ќе видиме како ќе се справат со тоа”, вели Ричард Џеникс, творец на пловечки роботи

Пловечките беспилотни летала се под команда на Федерацијата за научни и индустриски истражувања, тие немаат потреба од гориво, бидејќи се напојувани со ветер и соларна енергија. Ако сè оди според планот, бродовите роботи ќе се вратат по 12 месеци со многу важни научни податоци.

Шефкије Аласани

Shpërndaj me

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com