Мобилниот телефон е легло на бактерии, па и зарази. Уредот кој е во постојан контакт со вашето лице, рацете и околината е плодна површина за развој на бактерии и вируси. Фактот дека постојано го допирате и принесувате до лицето допринесува тие да се размножуваат.

Истражувачите од лабораторијата „Манси“ ги анализирале површините на разни мобилни телефони и дошле до заклучок дека се исклучително опасни бидејќи телефонот не го земаме в раце само кога се јавуваме или пишуваме порака туку со себе го носиме и во тоалет, во кревет, па и во салата каде што вежбаме.

Затоа, редовното чистење на телефонот ќе помогне вие или некој кој е во контакт со тој телефон да се заштити од потенцијални инфекции или заразни болести. Еве неколку совети:

1: Разблажете го алкохолот со обична вода и потопете мало крпче во растворот. Потоа убаво исцедете го и избришете ги сите делови на телефонот неколку пати. Избришаните делови брзо ќе се исушат па затоа не треба да стравувате дека течноста ќе навлезе во куќиштето.

2: Металните делови не би требало да ги чистите со никаква течност (погледнете го советот бр. 4).

3: Ситните „процепи“ на телефонот само избришете ги и прочепкајте ги со чепкалка, поточно со чепкалка на која сте ставиле малку памукче. На тој начин ќе го извадите закоравениот прав од тие места кој се насобирал со текот на времето.

4: Екранот на телефонот чистете го исклучиво со сува крпа која не содржи влакненца кои можат да се наелектризираат и да останат залепени на дисплејот. За екранот употребете мека крпа каква што е онаа за чистење стакла на очила. За дисплејот не користете никаква течност, ниту обична вода. Со сувата крпа поминувајте со кружни движења додека не го исполирате.

5: Најсигурна и најбрза опција е купеното шамивче за чистење технички уреди со какво повремено би требало да го дезинфицирате својот мобилен телефон.

Затоа не чекајте, уште вечерва исчистете го мобилниот телефон!

Loading...

Shpërndaj me

Loading...