Откако ги повика нашите граѓани притворени во логорите на сириските бегалци и нивните семејства, Министерството за внатрешни работи соопшти дека се фокусирани на изнаоѓање начин тие да се вратат во својата татковина. Според податоците на МВР, во тие кампови моментално има 4 жени со своите 7 деца, граѓани на Северна Македонија. Заменик  министерот, Агим Нухиу, рече дека МВР, заедно со Агенцијата за национална безбедност, Министерството за надворешни работи и Министерството за труд и социјална политика, се координираат институционално за да им обезбедат на овие граѓани брз и сигурен поврат.

“Се соочуваме со нова реалност затоа што видовме деца и жени во кризни логори, без да бидат надгледувани од главите на семејството, и секако чувствувам потреба да ја зајакнеме координацијата во институциите на нашата земја со цел да расте уште повеќе духот на солидарноста и државната грижа за граѓаните кои се жртви и оставени без надзор во сириските бегалски кампови”.

 Додека властите во земјата ги засилија мерките, на глобално ниво, државниот секретар на САД, Мајк Помпео, синоќа им порача на министрите за надворешни работи и на високите функционери на 30-те земји членки на коалицијата дека е императив илјадници странски борци уапсени за злосторства извршени во времето кога ИСИС  да бидат извадени пред правда и да им се изрече казна. На првиот ваков состанок на високо ниво откако терористичката организација ИСИС беше целосно уништена во март оваа година, Американксиот стејт департмент изјави дека овие џихадисти треба да се вратат во родниот град.

“Европските земји и другите сојузници на меѓународната коалиција што се бореле против групата Исламска држава мора да ги однесат и да ги гонат своите притворени граѓани во Ирак и Сирија за помагање со цел терористичката организација да не ги врати изгубените територии. Голем дел од странските борци се од Европа, но европските земји не сакаат да ги земат и за тоа прашање, се чини дека постојат големи разлики меѓу коалиционите партнери во начинот на кој треба да се третираат.”

Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот изјавија дека оперативните тимови на локално и централно ниво спроведуваат специјален третман за ресоцијализација на 80 повратници од воените центри низ социјалните центри во земјата.

Аднан Ќаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...