Судењето за обид за убиство врз Зиадин Села на 27 април минатата година продолжи со сослушувањето на сведоците предложени од одбраната. Еден од сведоците кого не успеа да го обезбеди, одбраната денеска го повлече како предлог. Другиот сведок, Антонио Филевски, кој исто така беше еден од граѓаните што влегоа на Собранието на 27 април, не кажа ништо ново. Филевски рече дека не видел кога бил нападнат Села, а на вкрстените прашања сведокот даваше одговори со политичко убедување. За ова судијката го предупреди.

„Го познавам Александар Јаневски – Тошта од обвинетите. Граѓаните беа многу агресивни. Тие протестираа да ја сопрат федерализацијата, поделбите и неправдите. За ова тие влегоа во Собранието, а не за тероризам. Зијадин Села не го видов во конференциската сала, а Тошта беше таму. Јас Тошта и Владимир Ѓорчев заедно се обидувавме да ги смириме граѓаните”, изјави Антонио Филевски, сведок.

Додека судењето за обид за убиство врз Села оди кон завршница, човекот кој го спаси Села на 27 – ми април, Абдилфета Алими, и понатаму останува во притвор и по гаранцијата од неговата фамилија и лидерот на Алијанса за албанците, Зиадин Села која ја понудија на судот. Семејството Алими потврди за Алсат М дека покрај нивниот имот, како и на Села, како гаранција е понудена гаранцијата на функционерот на Алијанса за албанците Кренар Лога. Судскиот совет се уште не донесе одлука за гаранцијата на Алими. А пред извесно време од притвор беа ослободени поранешниот шеф на МВР, Оливер Поповски, поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, пратениците на ВМРО – ДПМНЕ и другите обвинети. Кон нив е изречена мерка домашен притвор и мерки на претпазливост, обврзувајќи ги да се пријават. Најголемата гаранција ја понуди Чавков, околу 600 илјади евра, а семејството Алими иако се приближи до оваа бројка, Абдилфета Алими останува во притвор.

Адријан Керими

Shpërndaj me