Затворските казни за сега веќе осудените за настаните од 27 април се високи, но и делото за кое се товареа е исклучително тешко. Ова се првичните оценки на правниците кои синоќа ја анализираа изречената казна за упадот во Собранието. Насер Зибери сепак смета дека правдата не е докрај задоволена. бидејќи на обвинителна клупа се уште не седнаа нарачателите.

– Се разбира дека да, но не е завршено бидејќи втората фаза во овој случај се очекува да се случи, има истражна постапка во која се опфатени лица, носители на политички функции, кои се осомничени дека се организатори и идејни творци на настаните од 27 април, вели Зибери.

И Зибери, но и Сузана Јошевска сметаат дека дамка на целиот процес фрли амнестијата. Адвокатката смета дека ќе било многу пологично судскиот процес да поделен, под услов учесниците да биле обвините за различни, а не само за едно исто кривично дело.

– Доколку беа поделени на различни постапки со различни кривични дела, тоа ќе беше малку и од аспект на амнестијата, ќе беше третирано поинаку. Бидејќи друго е, ако вие пратениците ги ставите во една постапка кривична и потоа ги амнестиите тие остануваат само за таа. А, амнестијата некако кога се донесе влијаеше на чувството на неправедност на сите обвините во оваа постапка и бидејќи беа заедно обвинети заедно во една организација, вели Јошевска.

Натали Петровска од невладината организација „Сите за правично судење“, која го следеше процесот, даде оценка за текот на судењето. Таа забележа дека судот можеби им дал аргумент на осудените во иднина да се жалат во Стразбур, поради честите рочишта во еден период.

„Значи имаме еден предмет којшто ефективно заврши за отприлика шест месеци а бројот на рочишта е 59 што се одржани во две недели. Тоа значи без малку две рочишта на неделно ниво. Е сега нашата забелешка беше генерално кога рочиштата траеја и повеќе од 8, 9 па и 10 часа и продолжуваа веќе наредниот ден. Забелешките ни беа упатени во насока дека се оневозможува ефективна одбрана на обвинетите во случајот бидејќи им се оневозможува и адекватно време на подготовка на таа одбрана“, рече Натали Петровска – коалиција Сите за правично судење.

За настаните од 27 април судот вчера изрече вкупна казна затвор од 211 години. Најмногу, 18 години затвор, доби екс директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков. Само двајца од вкупно 16 добија затворски казни пониски од 10 години, Абдуљфета Аљими кој подоцна истата вечер го спаси Зијадин Села и Александар Василевски-Нинџа бидејќи воопшто не влегол во Собранието. Единствениот кој е ослободен е оперскиот пејач Игор Дурловски, за кого судот оцени дека обвинителството не успеало да докаже дека го сторил делото кое му се ставало на товар.

Loading...

Shpërndaj me



Loading...