Демократската унија за интеграција ги соопшти имињата на новите министри и заменици-министри по одлуката да бидат повлечени сите досегашни кадри на партијата во Владата.

На списокот што лидерот Али Ахмети го предлага до премиерот Емил Димитриев се главно непознати имиња за јавноста. Меѓу новите министри и заменици нема ниеден од досегашните носители на вакви функции. Еве ги предлозите на Ахмети:

Фестим Халили – вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор;

Арбен Адеми – вицепремиер за евроинтеграции;

Валдет Џафери – министер за правда;

Пиштар Љутфиу – министер за образование и наука;

Дритон Кучи – министер за економија;

Башким Ахмети – министер за животна средина;

Шухрете Елези – министерка за локална самоуправа

Арлинд Зекири – министер без ресор, одговорен за привлекување за странски инвестиции;

Агим Нухиу – заменик-министер за внатрешни работи;

Фатон Положани – заменик во транспорт и врски;

Гзим Беадини – заменик-министер за финансии и

Беким Максути – заменик-министер за одбрана.

Сега откако се познати имињата на новите министри и заменици парламентот на утрешната седница може да ги констатира оставките на досегашните членови на Владата и да ги избере новите.

Shpërndaj me