Сомнителни донации за финансирање на политичките партии во земјава. Невработени како и лица со плата од 20 илјади денари се донатори на политичките партии во земјава, утврди Транспарентност Интернешанл.

„Тоа доведува до сомнеж дека партиите се финансираат со пари кои доаѓаат од непознати лица или поточно со сиви пари. Ова сметам дека може да го разјасни само Управата за јавни приходи која може да провери од каде ги обезбедиле парите луѓето кои донираат во партиите. На овој начин и ќе се разбие сомнежот дека партиите се финансираат од црни извори“, вели Слаѓана Тасева – Транспарентност Македонија.

Во најновиот извештај за трошењата на политичките партии во предизборниот процес наведено е дека за два месеци најголемите политички партии ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ потрошиле по 50 илјади евра само за отворање нови канцеларии, средби со граѓани и митинзи. Демократската унија за интеграции пак потрошила 25 илјади евра. Утврдено е кај партиите се уште егзистира собирање пари преку сомнителни донации. На локално ниво, во овој период, општините целосно ги подмируваат обврските за плати додека помалку трошат за капитални инвестиции.

„Реализацијата од тие 100 проценти е многу помала за капитални трошоци односно трошоците кои треба да го унапредат животот на граѓаните“, оценува Весна Гарванлиева – Андонова – Центар за економски анализи.

Утврдено е дека во февруари, општините за се што потрошиле, ги немаат потребните одлуки и документи.

Верица Павлоска

Loading...

Shpërndaj me

Loading...