Потпретседателот на ДУИ Садула Дураку изјави дека со знаење на лидерот Али Ахмети бил испратен во Косово за да се сретне со Сами Укшини за да ги дознае мотивите за нападот кај Гошинце во април. Според Дураку, Укшини познат како командант Соколи, негирал дека е замешан во тоа. Дураку додаде дека сè уште нема точни информации дали Укшини бил или не бил дел од вооружената група в Куманово.

„Ние не го знаеме мотивот, но тие беа поранешни команданти на ОНА, на 113 бригада. Јас самиот го знам лично Сами Укшини и дел од оние кои не се откриени со имиња, како Красниќи, Малишева. Бевме заедно до 2001 година. Но, вистината е дека нивниот мотив сега, како влегле, тоа не го знаевме. Побаравме и максимално се обидовме, јас и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, кој беше командант на ОНА во 2001 година. Нашите напори беа максимални. Соколи и останатите кои ги знаевме, освен Соколи со кого имавме контакти од 2001 година, но не непрекинати. Едно време нашите контакти прекинаа и тие тргнаа по друг пат на делување. Ние се обидовме тие да не влезат во Македонија. Со знаење на лидерот Али Ахмети, отидовме и контактиравме со нив. Ние не криеме бидејќи тие се наши другари. Но, нашите другари не послушаа и не можевме да го разбереме мотивот зошто влегле таму. Иако мене лично Соколи ми рече дека не е во оваа група, а сега излегува дека Сами Укшини е дел од оваа група. Но, ние сè уште немаме точни информации дали е или не е“, вели Садула Дураку, потпретседател на ДУИ.

Shpërndaj me