Се уште не е решен статусот на поранешните припадници и инвалиди на ОНА, иако поминаа 17 години од стартот на судирите во Тетовско.

Денес се чувствуваме двојно понижени. Прво, зашто не се реши нашиот статус и второ зашто ние како Албанци, особено политичарите кои се повикуваат на оваа војна, оставија да се омаловажи уставно правниот статус на паднатите во 2001 кои и денес се нарекуваат терористи и криминалци“, вели Бесим Хода, поранешен припадник на ОНА

И вицепремиерот, некогашен командант на Бригадата 112, Хазби Лика призна дека и по 17 години доволно не е сторено доволно за паднатите и ранетите.

Често не сум задоволен од работите што ги правиме, сте забележале дека знам да кажам дека треба постојано да работиме. Кои се причините што барам да ги реализираме нашите задачи – тоа е заради паднатите на нацијата кои се жртвуваа за нас и тоа се ранетите во војната кои оставија трага во овие планини“, изјави Хазби Лика, поранешен командант на Бригадата 112

Во манифестацијата „Пролетта на достоинството“ учествуваа поранешни борци од сите албански краишта.

Башким Сулејмани

Shpërndaj me