Илијаз Халими е кандидат за претседател на државата од редовите на ДПА. Ова на прес-конференција го соопшти претседателот Мендух Тачи. Тој е убеден дека Халими ќе ги добие гласовите на сите Албанци и ќе помине во вториот круг, за потоа, според Тачи, да се постигне вистинскиот консензус со македонската партија за решавање на сите отворени прашања на Албанците.

„Мислам дека заедно со партијата, со професорот Илјази и сите Албанци ќе успееме да ги добиеме сите албански гласови, да ги мобилизираме сите, бидејќи ова е многу важно за Албанците. Ако успееме да го направиме ова, нашиот кандидат би требало да има најмалку 350 илјади гласа. Во таква ситуација, нештата се многу јасни, фаворит на овие избори е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Иванов, но ако се оствари оваа наша стратегија, во вториот круг одат Иванов и Илјаз Халими како кандидат на ДПА и јас им ветувам на Албанците дека тогаш ќе видат како се постигнува вистински консензус, како се принудува македонскиот партнер да ги реши сите прашања за кои Албанците се борат повеќе од 20 години“, рече Мендух Тачи, претседател на ДПА.

Илјаз Халими му се заблагодари на претседателството на ДПА за искажаната доверба и најави дека преку претседателските избори ќе се постигнат програмските определби на ДПА.

“Убеден сум дека јас и мојата партија ќе дадеме максимум во факторизација на Албанците за и тие да бидат одлучувачки фактор. Преку претседателските избори има можност да стигнеме до реализирање на програмските определби и партиската платформа, а колку ова ќе се оствари, зависи од силата на гласот“, изјави Илјаз Халими, кандидат за претседател од редовите на ДПА.

За официјализирање на кандидатурата на Илјаз Халими, Демократската партија на Албанците до 2 март ќе треба да собере 10 илјади потписи.

Башким Сулејмани

Loading...

Shpërndaj me