Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, вели дека реконструкцијата на владата се свела на обична козметика и голтање на зборовите и ветувањето на премиерот Заев со кое сакал да ги мотивира Албанците да гласаат за неговиот кандидат. Во интервју за Алсат, Села ги отфрла шпекулациите дека преговара за влез во владата на Заев по излегувањето на Весел Мемеди.

Г. Села, поминаа имињата на новите министри и реконструкцијата на Владата. Како го оценувате новиот состав на кабинетот на Заев?

Се разбира дека очекувањата на граѓаните не се исполнети, бидејќи не беа допрени тие институции кои беа најскандалозни, почнувајќи од вицепремиерот за евроинтеграции, Министерството за образование, транспорт и други министерства, уште повеќе што еден министер кој беше најскандалозниот во текот на овој период на владеењето, односно г.  Дураку. Тој сега беше награден со министерство кое е за политички систем и односи помеѓу етничките заедници. Ова министерство е ново- формирано како резултат на згаснување на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор. Кога зборуваме за овие министерства, се чини дека именувањето на г. Дураку, на некој начин, му одговараше на премиерот и македонскиот политички блок, бидејќи да го именуваш г. Дураку на чело на ова министерство е „да го убиеш пред да се формира“.

Г. Села, реконструкцијата на виделина ги извади и незадоволствата внатре кај партнерите на коалицијата, Весел Мемеди ја напушти Владата или, подобро кажано, Заев го остави без министерство. Со неговата оставка, автоматски Алијанса добива пратеник повеќе. Дали сте во преговори со Заев за да бидете дел од Владата?

Не. Имаше шпекулации. Социјалните мрежи ја прават својата работа, кружат шпекулации од типот дека Алијанса ќе влезе во Влада и така натаму. Алијанса за Албанците беше во влада и излезе. По кој пат сме изјавиле пред јавноста дека ние не влегуваме во Влада без предвремени парламентарни избори и без добивање на легитимитет од Албанците. Ниту сме размислувале за тоа. Тоа што се случи со г. Мемеди е едноставно… беше искористен и не беше веќе од корист за г. Ахмети и г. Заев. Реално, дали се сеќавате која беше неговата задача? Неговата задача беше тој да биде 61-от пратеник за да ја извади од коалиција Алијанса за Албанците. Ова не беше проблем за нас, нели? Но, ете работите се повторуваат. Поговорката вели – што ќе сееш тоа ќе жнееш.

Кога сме кај реконструкцијата, по вашиот говор во Собранието, пратеникот од мнозинството г. Груби упати тешки обвинувања кон вас.

Сакаше Господ, тој има такво однесување, како маже е, и сакаше Господ јас да не бидам таму, иако тој знае да глуми и да посочува со прст, еве го избега. Во моментот кога тој држел говор јас сум го поминал Кичево на пат кон Струга. Но, знаете што, мислам дека не вреди да се коментира политичкото однесување на еден човек што го знае целата јавност. Дека кога се ангажирал во политиката, Муса Џафери и Али Ахмети мерката не му ја земале од главата туку од друго место.

Г. Села, упативте обвинувања и во насока на власта за приведување на активисти на Алијансата, кои испишале графити низ неколку градови?

Срамота и за жалење што се не се слушнало во последно време, преку анатемирање и навредување на Албанците генерално и навредување на Албанците индивидуално од секој град и разбирливо е овие млади да имаат право да го изразат својот револт. Ние сме за тоа да се почитуваат законите, тоа се разбира, но од друга страна законот вели дека доколку испишувате графити на јавни места, се казнуваш прекршочно со 50 евра. И ти не смееш да ги земеш овие млади и да ги малтретираш со часови, да ги испрашуваш во полиција за наводно да го пронајдеш нивниот имагинарен организатор. Слушнав дека во кулоарите на ДУИ се зборува за тоа кој е на чело на оваа или таа иницијатива. Ќе го вперат прстот кон Алијансата за Албанците. Треба да знаат многу јасно и добро, Алијансата за Албанците е нивен политички противник, Алијансата за Албанците се стреми да добие мандат и достоинствено да ги застапува Албанците, Алијансата за Албанците сака да го врати правото во рамките на албанското општество. Алијансата за Албанците нема да влезе да добие власт преку користење на форми кои тие можеби мислат, тие знаат дека ние не сме замешани во оваа работа, но се обидуваат да создадат магла во рамките на нивното членство за да го изнајдат непријателот и да се мобилизираат против тој непријател. Јас го повикувам членството на ДУИ, прво, загрижувачко е тоа што г. Али Ахмети во неговиот прв настап кога се изјасни за „бомбите“, рече дека тоа било само шега и ја немаше мажественоста, барем да им се извини на тие луѓе кои ги навредил. Јас ги повикувам и членовите на ДУИ и на сите Албанци дека од овој процес никако не треба да се создадат лични кавги, луѓето никако не треба да станат непријатели, да се види доброто на целиот овој процес. Луѓето да изнајдат заеднички јазик со цел да ја коригираат политиката и албанското правење политика. Само во таа форма политиката ќе им служи ним и на следните генерации. Ние сме го избрале овој пат, да правиме транспарентна политика, праведна и да го добиеме легитимитетот на Албанците во име на понудата која ќе им ја понудиме на Албанците.

Шкелзен Ачифи

Loading...

Shpërndaj me

Loading...