Иако денеска беше работен ден за училиштата во земјава, реално тоа потфрли. Училиштата ги отворија вратите и наставниците беа на работното место, но немаше ученици. На повикот на Министерството за образование за да се надоместат двата дена кои во јануари им беа дадени на учениците по крајот на зимскиот распуст поради загадувањето, одговорија мал број ученици. Во основното училиште “Свети Кирил и Методиј” во Скопје кое брои повеќе од 500 ученици, денеска дојдоа само 20.

Мал беше бројот на ученици што ги сретнавме во училишниот двор. Оние кои ги прашавме рекоа дека часовите им биле скратени и одржале само неколку од нив.

„Има многу малку ученици. Во одделение сме 27, но многу малку се дојдени“.

„Петто одделение сум, но денес има многу малку ученици. Седум часови имаме, но ќе нè пуштат во 14 и 20, часовите се по половина час“, рекоа учениците.

А, од Независниот синдикат за образование и наука бараат дневница за дополнителните два работни дена. Вториот ќе биде одработен на 30-тти овој месец.

Од Министерството за образование велат дека исполнувањето на календарот за организација и работа на основните училишта во учебната 2018/2019 година е извршено во согласност со член 38, став 2 и 4 од Законот за основно образование.

Мелихате Рустеми

Loading...

Shpërndaj me