Археолози во една спална соба од античка Помпеја откриле фреска на која е прикажана еротска сцена помеѓу врховниот римски бог Јупитер, преправен како лебед и легендарната кралица на Спарта, Леда од грчката митологија, пренесува порталот енаука.

Ликот на Леда кој е претставен како во прегратките го држи богот Јупитер, преправен како лебед е честа тематска декорација во куќите на Помпеја и во околните градови кои биле уништени од ерупција на вулканот Везув во 79 година од новата ера.

Митолошката сцена на односот меѓу Леда и лебедот со векови ги инспирира уметниците. Експертите веруваат дека фреската го красела ѕидот на спалната соба на побогато семејство, кое живеело блиску до центарот на античкиот град Помпеја.

Многу уметници од ренесансната Италија во своите дела го имаат прикажано заведувањето на Леда. Затоа, оваа сцена им претставувала посебна инспирација на Леонардо да Винчи, Микеланџело, Тинторето и на многу други уметници од тоа време.

Посебноста на новопронајдената фреска, директорот на наоѓалиштето во Помпеја, Масимо Осана ја гледа во тоа што Леда е насликана така што изгледа како да гледа директно во оној кој влегува во спалната соба.

На оваа фреска е прикажана Леда како го штити лебедот од оној кој влегува во собата.

Фреската, чии бои се добро сочувани е откриена во петокот при санирање на наоѓалиштето кои во последните години се настанати од дождови.

енаука.мк

Loading...

Shpërndaj me