Иако навистина се како од бајка, овие мали замоци, инспирирани од светот на Волт Дизни се осудени на пропаст!

Иако турските власти инвестираа повеќе од 150 милиони фунти во обид светот на европската аристократија од готскиот период да им го приближат на арапските милијардери, бизнисот никако да тргне.

Ова село, сместено во местото Болу, во северна Турција, создадено е од 730 идентични дворци, сите оставени на забот на времето бидејќи инвеститорот влегол во долгови, а не се појавил ниту еден сериозен арапски бизнисмен заинтересиран да го доврши започнатото.

Првите луѓе на овој необичен проект откриваат дека досега се продадени само 350 објекти, а за да излезат од долговите треба да продадат барем уште 100.

Loading...

Shpërndaj me