Британскиот премиер Борис Џонсон ја повика Европската унија во детали да ги изнесе своите забелешки во врска со неговиот план за Брегзит и додаде дека „тој веќе направил голем компромис за да има нов договор“, објави АП.

„Она што би сакале да го слушнеме од вас е какви се вашите размислувања. Ако имате проблеми со кој било од предлозите, тогаш ајде да ги разгледаме деталите и да разговараме за нив. Прашањето е – Кој е приговорот на ЕУ кон тоа, кој е нивниот предлог…? Ние навистина не сме ги слушнале деталите од нив за тоа кои се проблемите“, рече Џонсон.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...