Џердан Шаќири нема да биде дел од составот на Ливерпул на утрешниот натпревар во Лига на шампионите против Црвена Ѕвезда во Белград. Англискиот тим на официјалната веб страна го потврди отсуството на Шаќири истакнувајќи дека сакаат да бидат 100 проценти фокусирани на фудбалската игра. „Ние сме Ливерпул и немаме никаква политичка порака и сакаме фокусот да биде само на фудбалот. Затоа, нашиот играч нема да патува во Белград“, се вели во изјавата на тренерот Јирген Клоп. Српските медиуми реагираа иронично, но додадоа дека се работи за голем потез од англискиот клуб. Инаку, натпреварот Црвена Ѕвезда – Ливерпул се игра утре со почеток од 18 часот и 55 минути.

Loading...

Shpërndaj me