На изненадување на многумина, една од најубавите жени на светот, пејачката Џенифер Лопез, се одлучи на драстична промена на својот имиџ. Таа својата темна коса ја замени со руса, а новиот изглед го презентираше на Инстаграм.

Џеј Ло се пофали со фотографијата од снимањето на новиот спот за песната “Se Acabó el Amor” каде позира во креација на Версаче.

Мислењата на фановите се поделени, едни сметаат дека русата коса одлично и прилега, други дека оваа нијанса прави да изгледа постаро.

 

 

Shpërndaj me