Словенија го ратификуваше протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Претседателот на владејачката Словенечка демократска партија, Јанез Јанша, изрази оптимизам во процесот на ратификација на протоколот во сите парламенти на земјите-членки на Северноатлантската алијанса. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој беше присутен во процесот на ратификација на протоколот, рече дека се надева оти до крајот на годината протоколот ќе биде ратификуван од сите земји-членки.

„Се надеваме дека до крајот на годината, протоколот за членство во НАТО, кој минатата недела беше потпишан во Брисел од страна на амбасадорите на 29 земји-членки, ќе биде ратификуван во сите 29 парламенти, а потоа ќе станеме 30-та земја на НАТО со сите права и обврски што ги има секоја земја-членка на НАТО“, рече Талат Џафери, претседател на Собранието.

По зеленото светло во парламентарните комисии, во четврток се очекува протоколот за членство да биде ратификуван и во Албанија. До крајот на месецов тоа е најавено дека ќе се случи и во Бугарија и Словачка. По завршувањето на процедурите за ратификација во сите парламенти, на следниот самит Македонија и официјално би станала 30-та членка на Алијансата.

Адриан Керими

Loading...

Shpërndaj me