Тренерот на фудбалерите на Милан, Марко Џампаоло, по поразот од Торино (2:1) се наоѓа пред отказ и веќе како можни наследници се споменуваат Лучано Спалети и изненадувачки, неговиот претходник, Џенаро Гатузо, пренесуваат италијанските медиуми.

Весникот „Кориере дело спорт“ пишува дека управата на „росонерите“ ја разгледува можноста за враќање на Гатузо и тоа само неколку месеци по неговата смена од клупата, пред почетокот на новата сезона и доаѓањето на поранешниот тренер на Сампдорија.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...