Здравствените институции работат на ново решение за документ што треба да го поседуваат граѓаните при добивање лекарски услуги, бидејќи досегашното решение со електронските картички не го даде посакуваниот ефект и покрај потрошените 7 милиони евра.

Картичките, чие времетраење е поминато, се вон функција, но и оние што се уште имаат рок, лекарите не ги бараат, па граѓаните ги остваруваат лекарските услуги со старите книшки. Ниту Министерството за здравство ниту Фондот не го навестуваат можното решение.

Министерство за здравство:

Формирана е работна група со претставници на Министерството за здравство, Фондот за здравство, единицата за електронско здравство и Факултетот за компјутерски науки, која изготви предлог за континуирано обезбедување на електронски услуги во здравствениот систем. Анализирани се процесите каде треба да се користи сегашната електронска здравствена картичка и дигиталниот сертификат. Во согласност со собраните информации, работната група подготви краткорочни и долгорочни решенија за надминување на проблемот со користењето на здравствените услуги.

Некои граѓани анкетирани од Алсат велат дека никогаш не ја користеле електронската здравствена картичка, а некои никогаш и не поседувале таква картичка.

Новото решение може како модел да го користи интегрираниот електронски систем „Мој термин“, кој исто така не ги дава очекуваните ефекти. И тој е проследен со бројни критики и незадоволство од граѓаните.

„Болните лица не чекаат, треба побрзо да се закажат термини, но тука кај нас државата е таква.“

„Некој можеби и починал додека закажал термин. Терминот го закажале, а човекот починал, што да правиме“, реагираат граѓаните.

Првите електронски здравствени картички беа ставени во функција во 2011 година, заменувајќи ги сините картони. Претходната влада за овој проект издвои 7,5 милиони евра од буџетот. И покрај тоа, за добивање на електронска картичка , граѓаните беа принудени да платат по 250 денари.

Вјолца Алити

Loading...

Shpërndaj me

Loading...