Обвинителството ќе побара притвор за шестмина и мерки на претпазливост за едно лице, осомничени за автобуската трагедија кај Ласкарци.

Како што информираше на прес конференцијата обвинителот Сашо Рајчев, шестмината се сомничат за тешки дела против безбедноста на патниците во сообраќајот. За едно лице нема да се води предистражна постапка, но ќе добие кривична пријава за злоупотреба на службена положба.

Истрагата открила дека автобусот во јули бил на технички преглед, но и покрај тоа што биле откриени недоследности во работата на сопирачките, во декември е издадена документација дека возилото е исправно за сообраќај.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...