Љупчо Палевски, генералниот секретар на партијата, „Глас за Македонија“, е приведен од српската полиција на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ и во моментов се наоѓа во екстрадициски притвор. Информацијата за „360 степени“ ја потврди неговиот адвокат Васко Стојков.

Приведувањето, според Стојков, се случило синоќа околу 19,00 часот по потерница распишана од Република Хрватска. Адвокатот тврди дека хрватските власти го бараат Палевски за долг на негова фирма во Хрватска од 2,5 илјади евра. Стојков вели дека Палевски никогаш не примил покана на адресата во Македонија за да се појави пред хрватските правосудни органи.

Извор: 360 степени

Loading...

Shpërndaj me

Loading...