Раководството на Манчестер Јунајтед размислува за продолжување на договорот на нивната sвезда Пол Погба што е можно поскоро, објави новинарот Николо Шира на Твитер. Раководството на „црвените ѓаволи“ веќе го контактирале агентот на играчот од средниот ред – Мино Рајола.

Веќе е познато дека Погба ја преиспитува својата одлука летово да го напушти „Олд Трафорд“ и дури е подготвен да го продолжи својот договор. Французинот е импресиониран од играта на Бруно Фернандеш и смета дека може да создаде одлична врска со португалскиот халф.

Светскиот шампион на СП 2018 година има одиграно само 8 натпревари за тимот оваа сезона откако лекува повреда на глуждот. Тој не е на теренот за „црвените ѓаволи“ од крајот на минатата година.

Во исто време, договорот на Погба со Јунајтед е до 30 јуни 2021 година и вклучува опција за уште една година, која Јунајтед планира да ја активира.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...