Манчестер Јунајтед оствари сензационална победа од 2:1 на гостувањето кај Манчестер Сити во 16. коло од Премиер лигата.

Така екипата на Оле Гунар Солскјер го доби дербито на Манчестер, откако неговиот тим пред неколку дена се справи и со Тотенхем на Жозе Мурињо.

Рашфорд отвори од пенал во 23-тата минута, а Марсијал го зголеми водството на гостите шест минути подоцна. Сити постигна само со почесен погодок преку Отаменди во 85. минута.

По овој натпревар, шампионите Сити се на 3-то место на табелата со 32 поени и екипата е 14 бода од врвот, така што има само теоретски шанси да ја одбранат својата титула.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...