Јавното претпријатие „Комунална Хигиена“ се заканува со глоби и санкции за фрлање на отпадоци како што е градежен шут, стар мебел и бела техника во близина на контејнерите или пред станбените објекти. Ќе се зголеми и бројот на теренски инспектори, додека трите пункта за собирање и селекција на овој вид отпад, ќе работат секој ден од 7 до 19 часот.

„Во трите центри со кои располагаме како Комунална Хигиена, центарот за селектирање во Карпош, Вардариште и во центарот за преоптоварување во Шуто Оризари, можат да се депонираат отпадоци и се што е старо, со цел да не се остават блиску до контејнерите. Тоа можат да го направат бесплатно на нашите точки. Оние кои немаат можност сами да ги однесат, можат да се јават на нашиот бесплатен телефонски број и според законот, ќе дадат симболична исплата“, изјави Абдулсамед Шабани- директор на ЈП „Комунална Хигиена“.

Shpërndaj me