Покрај тоа што е одличен за варење на храната, јогуртот може да се користи и за нега на целото тело…

Се повеќе намирниците добиваат функција како природни козметички производи кои може да се користат за нега на целото тело- од глава до пети. Во овој случај зборуваме за функцијата на јогуртот.
Прочитајте на коj начин може да го користите овој вкусен и повеќенаменски напиток…

1. Маска за лице против стареење
Наместо скапи креми и маски за подмладување на кожата на лицето, подгответе сопствен и природен производ- маска од јогурт.
Состојки:
– 1 лажичка јогурт;
– мала лажичка мед;
– мала лажичка сок од лимон;
Помешајте ги овие 3 состојки додека не се соединат. Нанесете ја маската на лице и почекајте 10 минути да се исуши. Потоа измијте го лицето со млака вода, а третманот правете го најмалце еднаш неделно.

2. Природен пилинг за целото тело
Подготвите ладен пилинг од јогурт и шеќер што ќе ви ги отстрани сите мртви клетки на кожата, а притоа нема да ја изиритира ниту пак исуши.
Помешајте 4 лажички големи јогурт со една лажича кристален шеќер и нанесете ја смесата на кожата. Благо масирајте со кружни движења, а потоа измијте се со вода. На крај нанесете хидратантен лусион за тело.

3. Одржување на косата и сушењето на влакното
Јогурт има антиинфламаторно дејство за организмот, а со тоа и за кожата на главата. По миењето на косата со шампон, ставете малку јогурт на темето на главата и чекајте 5-10 минути. Потоа, добро измијте ја косата и не се грижете, јогуртот не остава никаков мирис на косата. Со помош на овој третман косата и многу брзо расте.

4. Нега на рацете
Кога се работи за кожата на рацете тогаш ви е потребна голема нега, особено за време на зимскиот период.
Со помош на 2 лажички јогурт и една лажичка мед ќе успеете да ги заштитите рацете на најдобар и најприроден начин. Ставете ја смесата на рацете и ставите гумени ракавици. Почекајте 15 минути или оставете ја преку ноќ- наредниот ден кожата на рацете ќе ви биде како нова, мека и мазна. По миењето на смесата од рацете нанесете крема.

5. Јогурт за бели заби
Ако сте љубител на јогурт тогаш следново што ќе го слушнете ќе ви биде и тоа како од полза- јогуртот ги избелува забите!
Едноставно нанесете малку јогурт преку забите и почекајте неколку минути или задржете ја плунката подолго. Резултатите нема да се видливи веднаш, но сигурно по неколку недели.

Како ви се чинат сите овие бенефиции од јогуртот?

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...