Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Јоаким Лев, итно е пренесен во болница откако се повредил за време на тренинг, соопштува Германската фудбалска федерација. Би-Би-Си пренесува дека станува збор за нагмечување на артерија за што германскиот стратег ќе мора одредено време да помине во болница.

Така, тој нема да биде присутен на квалификациските натпревари за Еуро 2020 против селекциите на Белорусија и Естонија.

„Се чувствувам добро, но лекарите ми препорачаа неколкудневно мирување. Во постојан контакт сум со членовите на стручниот штаб“, изјавил Лев.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...