Јапонската принцеза Ајако, која во центарот на јавното и медиумско внимание се најде со нејзината љубовна врска со „обичен“ човек кој нема аристократско потекло и сина крв, се омажи на свечена церемонија во храмот Меији во Токио.

Се венчала со Кеија Морија (32) кој работи во компанија која работи со изградба на бродови. Венчавката која се одржала во Токио, била традиционална. Ајако облекла кимоно, а фризурата и била во духот на стариот јапонски стил.

Инаку, мајката на принцезата ги запознала младите на некое случување. Ајако изјавила дека ќе биде пресреќна, доколку нејзиниот брак биде како на нејзините родители.

Поради ова принцезата Ајако морала да се откаже од титулата, а од државата ќе добие мираз во вредност од 1,3 милиони долари.

 

Loading...

Shpërndaj me