Луѓето од секогаш се прашувале за значењето на животот. Во секој агол од светот, тие го бараат одговорот преку разни преданија и легенди.

Една таква е и јапонската легенда за црвениот конец. На веројатен и единствен начин ги објаснува мистериите на животот

АКО СУДБИНАТА НАВИСТИНА ПОСТОИ, ДА СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ФУНКЦИОНИРА ТОКМУ НА НАЧИНОТ НА КОЈ Е ОБЈАСНЕТА ОВДЕ.

Затвори ги очите и замисли дека телото станува транспарентно. Можеш ли да ја видиш комплексната мрежа на крвни садови како се поврзува со сите делови од телото? Ние го должиме нашето постоење на овие реки од крв кои ни даваат живот.

Сега, обрнете внимание на еден сегмент, оној кој го поврзува малиот прст  со срцето. Формиран од улнарната артерија, овој канал го прави вашиот најмалку забележлив прст вистински претставник на срцето.

Според јапонската легенда, овој канал кој произлегува од срцето не завршува на врвот од малото прсте. Истиот продолжува во еден невидлив црвен конец кој лебди во воздухот и се поврзува со црвените конци на другите луѓе – поврзувајќи го вашето срце со нивното.

Луѓето кои се поврзани на овој начин се поврзани од судбината и ништо друго. Порано или подоцна, им е судено да се сретнат, независно колку се оддалечени еден од друг или колку нивните животи се разликуваат. Конецот понекогаш може да се истегне и да се заплетка, што би значело отежнување на судбоносната поврзаност, таа никогаш нема да се скрши.

Сте се нашле некогаш во ситуација да помислите: “Оваа личност влезе во мојот живот со некаква причина?” Многу веројатно дека сте во право. И ова можеби значи дека Судбината ве довела до точка каде вие можете да внесете промената во животот на другите.

Може да верувате или не, тоа е вашиот избор, но за крај имајте на ум изреката на Јапонците:

“Нашиот свет е полн со пречки, но ништо во него не се случува без причина…”

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...