Партии, невладини, граѓански иницијативи, формираа Кризен штаб кој ќе ја води кампањата „Македонија бојкотира“. Потпис на меморандумот за соработка кој подразбира бојкот на престојниот референдум, ставија 28 организации. Фронтот ќе го предводи, Јанко Бачев, лидер на партијата „Единствена Македонија“. Во тесниот круг поддржувачи и потписници на документот се и поранешниот истакнат член на ВМРО – ДПМНЕ, Филип Петровски како и некогашниот претседател на градската организација на СДСМ во Скопје, Љупчо Палески. Бачев во кусиот говор најави пресметка по промената на власта со сите кои беа дел од процесот на преговарање и потпишување на договорот со Грција.

Новата и легална власт која доаѓа ќе расчисти со сите национални предавници. Да сте живи и здрави и сите на 30 – ти септември да бојкотираме, да не излегуваме на референдумот и да го спасиме вековното македонско име – изјави Јанко Бачев, Претседател на „Единствена Македонија“.

Ако Заев изгубел на реферндум ќе дадел оставка. Не, нема да даде ни сега оставка, туку го вовлекува ВМРО – ДПМНЕ да му влезе за да направи цензус. Ние од тука велиме не, нема да ја прифатиме таа игра, ќе бојкотираме, референдумот мора да пропадне а на 30 – ти септември паѓа и владата на Заев – рече Филип Петровски, ВМРО – ДПМНЕ – Демокртска фракција.

Јанко Бачев во интервју за Алсат М телевизија отворено призна дека партијата која тој ја води застапува про руски ставови и брани позиции кои се стратешки за руската влада. Бачев стои зад ставот дека на Македонија местото не и е во ЕУ и НАТО, туку во сојуз со Русија. Лидерот на „Единствена Македонија“ во јуни најави дека неговата партија финансиски ќе ги помгне 26 – те лица кои беа уапсени на протестите пред Собранието по потпишувањето на договорот со Грција. Премиерот Зоран Заев веќе посочи дека руски бизнисмени ги финансирале насилните протести пред месец и половина.

Бојан Стојановски

Loading...

Shpërndaj me