Чедомир Јаневски не е повеќе тренер на Вардар. Смената на тренерот дојде по ремито на Вардар од 1:1 против Шкупи и слабите резултати на тимот во последно време. На местото на Јаневски до крајот на сезоната Вардар ќе го предводи Бобан Бабунски, кој ќе има тежок тест во среда против Шкендија. Јаневски на клупата на Вардар седна во пресрет на натпреварот против Фенербахче и постигна историска победа.

Но, потоа следуваа слаби резултати во првенството и купот на Македонија, по што Вардар ќе остане без трофеј. Дел од вината имаат и раководството на клубот кои имаа неколку чудни одлуки, меѓу кои и одлуката да се игра со млади фудбалери во купот против Силекс и Шкендија. Инаку Бабунски кариерата ја почна во Вардар, а ова е првпат во Вардар да биде тренер.

Shpërndaj me